Специјализираниот веб-сат за фудбалски транфери „Трансфермаркт“ денеска изготви и специјална графика од која јасно се гледа како растеше цената на нашиот фудбалски репрезентативец Ељиф Елмас од 2019-тата до оваа 2021-ва година.
Според „Трансфермаркт“, Елмас кога стигна во турски Фенербахче во јули 2017-тата вредеше околу 500.000 евра. Две години подоцна неговата цена скокна на 9 милиони евра, за веднаш по трансферот во Наполи неговата вредност на трансфер пазарот да се искачи на 18 милиони евра.
По двегодишниот престој во Италија, рекордно оваа зима, цената на Елмас надмина 24 милиони евра.