Клоп: Не личевме на себе, премногу играчи не беа на потребното ниво

262

Синоќа тимот на Луверпул изненадувачки на гостински терен загуби од Лестер со 1:0 во еден од најслабо одиграните мечеви во последните месеци. На гостите ништо не им одеше на овој меч, па дури не успеаа да реализираат ниту пенал.

Менаџерот Јирген Клоп нормално разочаран од изведбата на неговиот тим, по натпреварот изјави дека едоставно играчите не личеле на себе.

„Ако го погледнам мечот уште еднаш веројатно ќе видам дека едноставно сме немале среќа. Но не сум сигурен дека тоа ќе биде главниот дел од мојата анализа. Ништо не ми се допадна во нашата игра да бидам искрен. Игравме многу чуден меч, имавме шанси не ги искористивме. Тие пак имаа еден удар на гол и победија. Лестер пред само два дена играше тежок меч против Сити, но против нас даде се од себе. Се бореа дадоа се од себе. Да игравме како што можеме и знаеме ќе ги освоевме трите бода. Сепак направивме премалку за такво нешто.

Премногу играчи беа под нивото. Моја задача е пред мечот да го дознаам тоа. Кој е во форма, кој е способен да игра. Овие момци многу често знаат да направат кај мене да кажам „УАУ“ каков меч. И сега велам „УАУ“ но во негативна конотација. Ова не изгледаше добро, не личеше на нас. Мора веднаш да се поправиме, и да признаеме дека Лестер едноставно заслужи да победи“ – изјави Клоп по вчерашниот меч. 

REUTERS/Rebecca Naden
ПретходноБОМБА!!!! Интер добива нов газда за милијарда долари и станува најбогатиот клуб на светот
СледноАбгонлахор: Роналдо нека не шири раце, нека им помогне на младите играчи (ВИДЕО)