Кобајаши со маестрален скок до триумф во Оберсдорф на турнејата „Четири скокалници“ (видео)

290

Јапонецот Рују Кобајаши е победник на првата од четирите скокалници во 70. издание на популарната новогодишна турнеја „Четири скокалници“. Вечерва скијачите се претставија на скокалницата во Оберсдорф, а Јапонецот кој беше најдобар во квалификациите, успеа да победи и на главниот настан.

По првата рунда водеше Норвежанецот Роберт Јохансон, но по вториот скок тој падна на третото  место со вкупно 298.6 поени. Кобајаши имаше послаб скок во првата рунда, но во втората оствари најдобар резултат 141 метар што му донесе 302 поени и победа. Второто место му припадна на Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд со 299.2 поени.

Топ 5 го комплетираат Мариус Линдвик од Норвешка (296.3 поени) и Карл Гајгер од Германија со 295.9 поени.

ПретходноЃоргоноски: Создаваме услови секое дете да ги покаже своите афинитети и развие својот талент кон ракометот
СледноЕкс-напаѓачот на Баерн на 40 години потпиша за нов клуб и ќе игра во Копа Либертадорес