Леброн и Вестбрук со двоен „трипл – дабл“ за победа на Лејкерси (ВИДЕО)

411

Ретко кој кошаркар е подготвен да стигне до трипл – дабл учинок на еден натпревар, а кога на еден ист меч двајца играчи од една иста екипа ќе го сторат тоа значи дека се работи за екстра изведба.

Се случи тоа синоќа во триумфот на Лејкерси над Хјустон на гостински терен, од конечни 123:132, во кој Леброн Џејмс односно Расел Вестбрук стигнаа до фантастични бројки кои пак придонесоа Лос Анџелес да стигне до голема победа.

Леброн застана на 32 поени, 11 скока и 11 асистенции додека пак Расел Вестбрук на 24 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Дури дванаесет играчи на овој меч имаа двоцифрен број на поени, како на пример Монк кај лејкерси со 25, Кармело Ентони со 24, а најјефикасен кај домаќинот Грин со 24 поени.

Во уште едно дерби на западот, лидерот на оваа конференција, тимот на Голден Стејт загуби на домашен терен од Денвер со конечни 86:89.

Никола Јокиќ домонираше на овој меч со 22 поени, 18 скока и 5 асистенции и ги „поништи“, најдобрите 23 поени на Стеф Кари.

Тимот на Мајами пак на домашен терен славеше над Вашингтон Визардс со 119:112 во дуел во кој најјефикасен беше Хиро со 32 поени, пред Робинсон со 26 кај победничкиот состав.

Резултати:

Орландо – Милвоки 110:127

Мајами – Вашингтон 119:112

Торонто – Филаделфија 109:114

Хјустон – ЛА Лејкерс 123:132

Минесота – Њујорк Никс 88:96

Њу Орлеанс – Кливленд108:104

Голден Стејт – Денвер 86:89

Сакраменто – Оклахома 117:111

ПретходноЛестер го порази Ливерпул, Салах промаши пенал (видео)
СледноБОМБА!!!! Интер добива нов газда за милијарда долари и станува најбогатиот клуб на светот