„Миркуловски, Пешевски и Кузмановски покажаа колку се подготвени да се жртуваат за Македонија“

1038

Иако пред само два дена играа мечеви во Бундес-лигата, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, веднаш дојдоа во Маврово. Тие не беа во составот за денешната средба со Кувајт, но веднаш му се ставија на располагање на селекторот, Кирил Лазаров.

Овој потег на триото треба да биде пример за младите генерации и нивниот однос кон националниот дрес. Лазаров јавно им се заблагодари на тројцата за нивната професионалност.

„Морам да искажам голема благодарност до Филип Миркуловски, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски, кои ни се приклучија веднаш по завршувањето на нивните клупски обврски. По некое непишано правило заслужуваат одмор барем до 2.јануари и тоа само покажува колку се подготвени да се жртвуваат за македонскиот дрес“, изјави Лазаров.

Македонската репрезентација и утре ќе тренира во Маврово, по што ќе се врати во Скопје.

ПретходноЛазаров: Задоволен сум од победата, но и да беше поинаку немаше да очајуваме
СледноКако растеше цената на „Дијамантот“: Од 500.000 евра во Фенер до 24 милиони во Наполи (ФОТО)