Од Интер со демант: Купувањето на нашиот клуб од страна на Саудијците е “лажна вест“!

296

Утринава вистинска “бомба“ беше веста дека Мохамед Бин Салман, принцот на С. Арабија и газда на Њукасл, со својот Инвестициски фонд со една милијарда евра ќе го купува Интер. Покрај клубот од Милано, Саудијците имале намера да го купат и Олимпик Марсеј и со тоа да владеат ево еврпскиот клупски фудбал.

Сепак попладневните вести од Италија велат дека не ќе е баш така.

Имено претседателот на Интер, Стивен Жанг остро ги демантираше овие најави и за медиумите во Италија изјави дека тоа се “лажни вести“.

Е сега дали со ова Жанг сака да добие подобра почетна преговарачка позиција при препродажбата или не, знаат само тој и пребогатиот Бин Салман.

ПретходноКлисман Цаке има понуди од клубови од Унгарија и Хрватска!
СледноДејан Георгиевски најдобро пласиран Македонец во изборот за „Спортист на Балканот“!