Најдобриот светски тенисер сепак нема да биде дел од српската репрезентација на АТП купот во Сиднеј кој стартува на први јануари. На негово место ќе настапи Матеј Сабанов.
И натаму останува непознато дали Новак Ѓоковиќ е вакциниран, тој се ушпте нема соопштено дали ќе настапи на првиот Грен слем во новата сезона, Австралија Опен. Државата Викторија има строги ковид-мерки и дозволува во Мелбурн да играат само вакцинираните тенисери и оние кое ќе добијат специјално медицинско ослободување.