Речиси да нема минута или час да не се појави информација од светот на фудбалот дека некој е позитивен на Ковид-19. Меѓу најновите информации кои доаѓаат од Островот е таа дека и Микел Артета, стратегот на Арсенал има позитивен тест и тој ќе мора да оди во изолација.
Проблемот е во тоа што тој нема да може да го води својот тим против Манчестер Сити, против својот голем пријател Пеп Гвардиола. Овој натпревар треба да се игра на 1 јануари. Познато е дека Артета беше во стручниот штаб на Гвардиола во Сити, но го напушти за да ја преземе клупата на Арсенал.