Ракометарите на нов тест со Кувајт

151

Македонската ракометна репрезентација денеска (16 часот) во Маврово ќе го одигра вториот пријателски натпревар против селекцијата на Кувајт во рамките на подготовките за Европското првенство, кое во јануари ќе се одржи во Словачка и Унгарија.

На првата контрола, селекторот Кирил Лазаров одлучи шанса да им даде на помладите ракометари, без девет стандарни репрезентативци Македонија славеше со убедливи 31-21.

Иако резултатот е убедлив, предводникот на нашиот најдобар национален тим потенцираше дека треба да цврсто да стојат на земја, бидејќи Кувајт е далеку од нивото на противниците на континенталното натпреварување. Она што го радува е вербата кај помладите играчи, без искусните колеги, одиграа добро второто полувреме и за кратко време го решија името на победникот.

По оваа контролна средба, македонските ракометари се враќаат во Скопје, каде ќе ја работат втората фаза од подготовките, Лазаров на располагање ќе го има целиот ростер. На 3. и 4. јануари, Македонија ќе одигра две контроли против Израел.

Првата средба на ЕП ја играме на 13. јануари против Словенија.

ПретходноОфицијално: Ѓоковиќ нема да биде дел од АТП Купот во Сиднеј
СледноА, кој друг? Сон повторно е избран за играч на годината во Ј. Кореја!