Голманот на Манчестер Ј., Дин Хендерсон, најверојатно нема да го напушти Манчестер Јунајтед за време на јануарскиот преоден рок. 24-годишниот голман би сакал да замине на позајмица оваа зима за да добие поголема минутажа.
Сепак, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник јасно му ставил до знаење на играчот дека нема да го пушти во друг тим следниот месец.
Оваа сезона Давид Де Хеа се етаблираше како стартер на „црвените ѓаволи“. Тој играше на сите 17 првенствени натпревари во Англија, како и на пет од шесте натпревари во групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА.
Хендерсон оваа сезона никогаш не влезе како стартер во Премиер лигата.