Кристијано Роналдо по којзнае кој пат во својата кариера покажа дека не е истиот човек кога победува и кога ќе изгуби. Овој пат според многумина претера.
Тешко е дека португалскиот фудбалер ќе ја има истата љубов која навивачите на Манчестер Јунајтед му ја пружаат, но тој не знае да врати на вистински начин кога во поразите.
„Црвените ѓаволи“ одиграа 1-1 на гостувањето кај Њукасл, екипа која победи на еден меч во последните 19 што пак е големо разочарување.
Откако судијата означи крај, дел од играчите на Јунајтед отидоа под трибините каде беа сместени гостинските фанови, ги имаше околу 3.000, дел од нив минаа долг пат за да дојдат да ги бодрат.
Меѓу нив не беше Роналдо, потег кој сите го осудија. Португалецот веднаш замина во соблекувалната како никој друг да не постои на теренот.
Most of the MUFC players applaud the travelling fans after a draw against a team who’ve won 1 of their 19 games. Shame on those who didn’t. pic.twitter.com/xFX2Y3sYCy
— Andy Mitten (@AndyMitten) December 27, 2021