Статуа на Роналдо предизвика немири во Индија

133

Статуа на Кристијано Роналдо во Индија предизвика жестоки реакции и протести во градот Гоа, соопштија локалните медиуми. Жителите реагираат дека статуата требало да биде фудбалер од Индија. Тие со црни знамиња се собраа на местото каде за прв пат беше покажана фигурата на Роналдо со маса од 400 килограми. Граѓаните се изнервирани од одлуката на локалната власт да му се оддаде почит на странски фудбалер.

Од друга страна локалната власт соопштуваат дека со статуата на Роналдо сакаат да ги натераат младите да бидат физички поактивни. Крикетот е најпопуларниот спорт во Индија, но и градот Гоа но и фудбалот има многубројни фанови.

ПретходноИнсиње оди во ФК Торонто, фановите со реакција: Што правиш човеку?
СледноАнте Кудуз се врати во Динамо Букурешт