И дефинитивно новиот сој на Ковид-19, Омикрон и тоа како прави проблеми во Европа. Посебно во Англија и Шпанија. Во врска со короната во Шпанија најново е тоа што во Барселона владее вистински хаос.
Имено како што пренесуваат медиумите од Каталонија, стратегот на Барса, Чави Ернандез има и тоа како проблеми. Тој остана само со 8 играчи и тројца голмани, а веќе на 2 јануари го чека меч со Мајорка во Ла Лига. Клубот денеска објави дека имаат нови тројца заразени, и вистинско чудо ќе биде како Чави ќе го состави тимот, веројатно ќе мора да смета и на играчи од младинскиот погон.