Шампионот незапирлив: „Граѓаните“ се одлепија на врвот во Премиер лигата (ВИДЕО)

188

Со голот на Фил Фоден во 16. минута, шампионот Манчестер Сити ја оствари и 16-тата победа во Премиер лигата со која се зацврсти на врвот на табелата по 20 одиграни кола. Вечерва момците на Пеп Гвардиола минимално триумфираа кај Брентфорд во меч во кој беа подобар противник од жилавиот домаќин.

Сити во завршницата постигна и втор гол, кој сепак, беше поништен поради офсајд. „Граѓаните“ сега се лидери на табелата со предност од 8 бода пред Челзи и дури девет пред Ливерпул, кој има и меч помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЗамина од клупата на Полска, плати 300.000 евра и потпиша за Фламенго
СледноРангник не му дозволува на Хендерсон да си замине