Шокантна исповед на фудбалер: Коцкањето ме уништи, должев преку 300.000 евра

298

Изралескиот фудбалер Елијаху Зизов, кој во својата кариера настапуваше за екипите на Левски Софија, Брага од Португалија, Макаби Тел Авив и некои помали Израелски клубови даде шокантно интервју во кое сподели со јавноста детали од својот живот кои се запрепастувачки.

„Коцкањето ме уништи. Секогаш заработував лесно, и кога имав пари ги трошев. Но кога почнаа платите да доцнат јас се завртев кон коцкањето. И не престанав со години. Влегов во ужасен свет, не знаев буквало ниту каде играм во кој клуб. Само ми беше важно да се коцкам. Кога снемав пари, позајмував од други, па од моето семејство. Цели 150.000 евра. Се заколнав дека нема да се коцкам пак. За два дена ги снема тие пари. Потоа ја заложив семејната куќа во банка. Знаете што се случи? Сега сме потстанари. Ужасно ми е што така постапив, пред се поради моето семејство. Заминав на рехабилитација, цели два месеци сум „чист“. Нека моето искуство биде поука за останатите кои мислат дека коцкањето е излез за некаков проблем“ – изјави Зизов. 

 

ПретходноЛа Лига најави, нема откажување на мечевите
СледноСавевски: Наметнавме силен ритам, а играчите го прифатија и функционираме добро