Во продолжение од сезоната, Вардар 1961 нема да смета на услугите на Анте Кудуз. Хрватскиот ракометар, чудно но вистинито се враќа во Динамо Букурешт, тимот за кого изјавуваше дека го оставил на улица.
Романскиот тим на својата официјална страница ја потврди оваа информација. Кудуз имаше кратки епизоди во дресот на македонскиот првак, поради повреда пропушти неколку меча, се приклучи во составот на крајот на првиот дел.