Екипата на Беса Добри Дол зимава прави сериозна реконструкција во тимот. Почетно со новиот тренер Џенгис Реџепи кој наскоро ќе биде промовиран, а потоа и со новитетите во играчкиот кадар. Истиот треба да биде пополнет со оглед на заминувањата оваа зима, па управата и новиот стручен штаб не губат време.
Веќе се промовирани неколку нови имиња, а секако во прв ред е Љутви Биљали, кој ќе биде главна карика во тимот за следната сезона. Пристигнаа и Јусуф Алиу, Берат Исмаили, Мурат Адили,