Дејан Георгиевски е спортист на Македонија за 2021 година! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

486

Македонската гордост за оваа 2021 година, таеквондистот Дејан Георгиевски, носител на сребрен олимписки медал од Игрите во Токио е најдобриот спортист на Македонија за годинава кој изминува. На вечерашното доделување на наградите во изборот на Агенцијата за млади и Спорт, Георгиевски собра најмногу гласови и сосема заслужено го доби државното признание.

Во женска конкуренција, најдобра македонска спортистка за 2021 година е Мери Акиевска. Апсолутна сениорска велнес шампионка на Светското првенство во Санта Сузана (Шпанија) беше убедливо најдобра, победувајќи во својата категорија и во јуниорска и сениорска конкуренција.

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија која го освои ЕХФ шампионатот во Литванија е прогласена за најдобра женска национална репрезентација, додека признанието во машка конкуренција отиде кај нашата гордост, фудбалската репрезентација која не преставуваше на Еуро 2020 и обезбеди пласман во баражот за СП 2022.

Наградата за најдобар тренер отиде во рацете на Борче Костовски, предводникот на нашиот „сребрен“ олимпиец Георгиевски. Таеквондо федерацијата на Македонија е прогласена за најдобра федерација во 2021 година.

За најдобри млади спортисти признанијата отидоа во рацете на ракометарката Ива Младеновска и каратистот Столе Смилковски.

ПретходноНема опуштање: Лазаров им даде само ден одмор, ракометарите ќе тренираат на 1. јануари
СледноВелбек го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 91. минута (ВИДЕО)