Дејан Георгиевски најдобро пласиран Македонец во изборот за „Спортист на Балканот“!

233

Дејан Георгиевски, нашиот херој од ОИ во Токио, каде освои сребро во таеквондо е најдобро пласиран Македонец во изборот на „Спортист на Балканот“. Самиот избор го организира БТА (бугарската новинска агенција) а во изборот учествуваат уште десет агенции од Балканот, од кај нас учествува МИА.

За најдобар спортист на Балканот за 2021 година секако немаше дилеми, тоа е Новак Ѓоковиќ, тенисерот од Србија. На второ место е НБА – ѕвездата Јанис Антетокунбо од Грција, додека како трет заврши атлетичарот од Грција Милтијадис Тентоглу.

Георгиевски го зазеде 17.место, додека Емил Павлов заврши како 24-ти. Тука е и Горан Пандев кој на овој избор го зазеде 31. место.

ПретходноОд Интер со демант: Купувањето на нашиот клуб од страна на Саудијците е “лажна вест“!
СледноСе ожени репрезентативецот Шишковски