Екс-напаѓачот на Баерн на 40 години потпиша за нов клуб и ќе игра во Копа Либертадорес

1126

Се сеќавате на Роке Санта Круз? Парагвајскиот напаѓач во текот на кариерата играше за Баерн Минхен и за Манчестер Сити, сега има 40 години и не се дава. Тој има нов клуб, а се вика Либертад кој ќе игра во Копа Либертадорес во новата сезона (јужноамериканска ЛШ).

Санта Круз изминатите неколку години играше за Олимпија од Асунсион, а беше и член на мексикански Круз Азул, играше и за шпанските Малага и Бетис како и англиски Блекбурн Роверс.

Најуспешните моменти ги имаше во дресот на Баерн со кого стана и европски шампион.

ПретходноКобајаши со маестрален скок до триумф во Оберсдорф на турнејата „Четири скокалници“ (видео)
СледноИнсиње оди во ФК Торонто, фановите со реакција: Што правиш човеку?