Александер Омод Килде од Норвешка денеска триумфираше на супервелеслаломот во Бормио во Светскиот Куп. Еден од најдобрите скијачи во моментов, дојде со време од една минута, 27 секунди и 95 стотинки. Ова беше негова десета победа во Светскиот Куп.
Втор беше Рафаел Хасер од Австрија, а трет заврши Винсент Крихмаер, исто од Австрија.
Жените денеска се натшреваруваа во Линц и тоа во четвртиот слалом сезонава.
Најбрза беше Петра Влхова од Словачка, втора беше Катерине Линсбергер од Австрија, а Мишел Жисин од Швајцарија.