Клисман Цаке има понуди од клубови од Унгарија и Хрватска!

853

Клисман Цаке, еден од најдобрите дефанзивци во ПМФЛ, секако најдобриот фудбалер на Струга Трим Лум тешко дека и наредната полусезона ќе го носи дресот на прволигашот од Струга.

Имено како што дознаваме, до Цаке, но и до клубот Струга Трим Лум, пристигнале неколку понуди од клубови од Унгарија и Хрватска. Интересно е тоа дека за него се заинтересирани и два клуба од нашата ПМФЛ кои се подготвени да ја платат отштетата која треба да и припадне на Струга ТЛ со оглед на тоа дека интернационалецот од Албанија сеуште е под договор со стружани.

Секако дека за евентуалниот трансфер на Цаке свој збор треба да даде и Струга Трим Лум, посебно ако се знае дека овој тим напролет ќе јуриша на пехарот во Купот на Македонија со што и вторпат би излегол на евро- сцената.

Инаку Цаке во Струга ТЛ дојде во август 2019 година и со своите игри веднаш се наметна како еден од најдобрите во тимот. Токму затоа и интересот и понудите до него.

На крај да кажеме и тоа дека во нашиот избор на идеален тим во есенската полусезона во ПМФЛ, имаше место и за Клисман Цаке, апсолутно заслужено.

ПретходноПепи Горгиев се раздели со Теута!
СледноОд Интер со демант: Купувањето на нашиот клуб од страна на Саудијците е “лажна вест“!