Словенија покажа сила против Хрватска на првата контрола пред ЕП

139

Првиот противник на македонската ракометна репрезентација на претстојното Европско првенство, Словенија испрати силна порака. Избраниците на Љубомир Врањеш убедливо ја совладаа Хрватска со 33-26 на првата контрола пред континенталното натпреварување.

Добрата игра во второто полувреме им донесе триумф на Словенците, овој дел го добија со 16-11.

Блаж Јанц, реализираше седум гола од осум обиди, тој сите ги постигна во второто полувреме, исто толку погодоци постигна и Маргуч. Кај Хрватска Шебетиќ и Циндриќ имаа по пет гола.

Македонија и Словенија ќе се сретнат на 13. јануари.

ПретходноАнте Кудуз се врати во Динамо Букурешт
СледноИнтер ќе земе германски репрезентативец без пари