Гостивар го донесе напаѓачот Андреј Кудијан од Брегалница

304

На крајот на календарската 2021-ва ново засилување доби и второлигашот Гостивар. Како што објавија на социјалните мрежи, гостиварчани пролетниот дел од сезоната ќе го дочекаат засилени со Андреј Кудијан.

Кудијан кој досега го носеше дресот на Брегалница, ја заврши соработката со штипјани и реши да продолжи во Гостивар. Тој ќе биде големо засилување во напаѓачкиот ред на гостиварчани.

ПретходноКовид-епидемија го погоди клубот на Љафтов, нашиот репрезентативец не е меѓу заразените
СледноКовид-19 влезе и во Атлетико (М): Симеоне во изолација