Италија воведе задолжителна вакцинација за сите спортисти

228

Италијанското министерство за здравство потврди дека спортистите кои ќе одбијат вакцина против Ковид-19 нема да им биде дозволено да играат оваа сезона со што се отвори прашањето како тоа ќе влијае на странските тимови кои ќе треба да играат на италијанско тло.

Одлуката стартува од 2 јануари. Омикрон сојот зема замав во Италија, а Властите стравуваат од нов притисок врз болниците и докторите па одлуката е само вакцинирани спортисти да можат да се натпреваруваат на италијанско тло. Веќе негативен тест 48 часа пред настапот нема да биде доволен за влез во државата.

Неодамна беше објавено дека 98% од фудбалерите се имунизирале против Ковид-19. Стадионите се лимитирани на 50% исполнетост. Според новиот протокол, периодот на самоизолација на вакцинираните, а позитивни на ковид тестот е намален на пет дена.

 

Претходно„Граѓаните“ поставија три премиерлигашки рекорди во 2021 година
СледноМората оди во Барселона, Кутињо во Фламенго!?