Охридскиот второлигаш Воска Спорт си најде и нов голман. Нов голман на екипата е Дејан Силјановски кој доаѓа од редовите на Скопје. Се работи за 27-годишен фудбалер кој освен за Скопје играше за Гостивар, Борец, Беласица, Тетекс и Македонија ЃП.
Пред неколку денови Воска се засили со Арѓент Гафури, некогашниот капитен на Ренова, а клубот се раздели со седум играчи: Пајазит Салиу, Енис Дервиши, Албнор Каба, Фисник Салиу, Теофил Силјановски, Благој Истатов и Филип Лазаревски.
Се планира барем 5-6 квалитетни прволигашки имиња да дојдат во Охрид оваа зима.