Столе голман број четири во Европа

2736

Шпанска Марка во денешното издание објавува текст во кои ги рангира голманите во топ 5 лигите според статистистичкиот учинок, а на местото број четири е нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Тој е во извонредна форма во моментов, заедно со неговиот тим Рајо Ваљекано има сериозна улга во годинешниот Примера шампионат и константно според учинокот е вметнуван во највисок ранг.

Прв на листата е голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа со коефициент на учинок од 7.6, потоа следува Жосе Са од Вулверхемптон со 6.7. Следува Мануел Реиман, голманот на Бохум со 6.4, четврти е нашиот Столе Димитриевски со 5.9.

 

ПретходноЧелзи се врти кон Тео Eрнандез
СледноПочина Вардаровата легенда Ванчо Трпевски