На дуелот меѓу Јединство и Орлови во женската босанска кошаркарска лига резултатот беше во сенка на тепачката која се случи во третата четвртина.
Прво физички се пресметаа две кошаркарки, по еден дуел за подобра позиција, а потоа се вклучија останатите кошаркарки и тренери, на голема среќа хаосот веднаш беше ставен под контрола.
Орлови дојдоа до убедлива победа на оваа средба, славеа со 95:63 и останаа перфектни со 10 победи во исто толку мечеви.