Хрватска без Игор Карачиќ, но со Анте Гаџа на ЕП 2022

590

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Хрвоје Хорват, го објави конечниот список на играчи со кои „коцкестите“ ќе патуваат на Европското првенство во Унгарија и Словачка, кое ќе се игра од 13 до 30 јануари 2022 година.

Од финалниот список отпадна некогашниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, кој е ставен меѓу резервите. На списокот има 18 играчи, тројца голмани, две крила, три кружни напаѓачи, и осум бекови.

Карачиќ е на списокот на пе резерви кои подоцна можат да бидат повикани доколку се појави потреба.

Хрватска на ЕП ќе игра во групата „Ц“ заедно со Франција, Србија и Украина.

СОСТАВ НА ХРВАТСКА:

ИВАН ПЕШИЌ – ТВБ ШТУТГАРТ

МАТЕ ШУНЈИЌ – ИВРИ

МАТЕЈ МАНДИЌ – РК ППД ЗАГРЕБ

ДАВИД МАНДИЌ – РК ППД ЗАГРЕБ

ЛОВРО МИХИЌ – ОРЛЕН ВИСЛА ПЛОК

ИВАН ЧУПИЌ – РК ППД ЗАГРЕБ

ФИЛИП ГЛАВАШ – ХЦ ТРИМО ТРЕБЊЕ

ЛЕОН ШУШЊА – ОРЛЕН ВИСЛА ПЛОК

МАРИН ШИПИЌ – РК ППД ЗАГРЕБ

НИКОЛА ГРАХОВАЦ – РК ППД ЗАГРЕБ

ДОМАГОЈ ДУВЊАК – ТХВ КИЛ

ЛУКА ЦИНДРИЌ – БАРЕЛОНА

ХАЛИЛ ЈАГАЊАЦ – РК НЕКСЕ

ЗВОНИМИР СРНА – РК ППД ЗАГРЕБ

МАРКО МАМИЌ – ЛАЈПЦИГ

АНТЕ ГАЏА – ВАРДАР 1961

ИВАН МАРТИНОВИЌ – ТСВ ХАНОВЕР – БУРГДОРФ

ЛУКА ШЕБЕТИЌ – МОТОР

ПретходноТомпсон-Хера и Левандовски се најдобри според спортските новинари!
СледноНеверојатно: Голем пад на цената на Барди според “Трансфермаркт“!