По заминувањето од Шкендија, каде беше речиси седум години, Арменд Алими е баран од домашни клубови, но и клубови од околните земји. Па така како што дознаваме, во моментов се водат преговори меѓу него и Работнички со цел искусниот и некогашен репрезентативец на Македонија да го засили средниот ред на “романтичарите“. Нашите информации говорат дека Алими се уште нема одлучено каде ќе ја продолжи својата кариера, но исто така за него е интересен и Работнички.
Колку за потсетување, досега во изминатите неколку денови неговото име се поврзуваше со Шкупи, Егнатиа (Албанија), Ксанти (Грција), но можно, барем според нашите информации, тој да потпише за Работнички.
Останува да се види како ќе се одвиваат настаните во следните неколку денови и за што ќе се одлучи самиот Алими.