Локалните медиуми во Бурса денеска објавија дека 34-годишниот македонски фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ може да се пресели во турскиот второлигаш за да му помогне на тимот во битката за опстанок.
„Зелено-белите“ се надеваат дека зимава ќе ослободат место за ново странско засилување, за да се обидат да го доведат Јаховиќ како големо засилување во нападот.
Интересно е што Бурсаспор има контакти со Адис Јаховиќ уште од пред почетокот на сезоната, но доколку и двете страни сега се во ситуација да преговараат овој јануари може да има договор.