Виктор Ангелов (27), како што дознава „Спортмедиа“ е пред заминување од Волунтари, од тимот каде што дојде во јануари оваа година. Па така по една година носење на дресот на романскиот прволигаш, Македонецот веројатно нема да биде веќе член на Волунтари.
Како што е познато Ангелов некогаш беше еден од најважните играчи во златната генерација на У-21 на Македонија со која настапи и на ЕП во 2017 во Полска. Досега во својата кариера Ангелов го носел дресот на Работнички, Тетекс, Металург, Ујпешт, Шкупи, Широки Бријег од каде и замина во романскиот Волунтари.