Дарко Илиески (26), кој досега играше за Копер од Словенија, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Струга ТЛ. Како што дознава “Спортмедиа“, дефанзивецот е во преговори со прволигашот од Струга и наводно се сложил околу понудените услови. Јасно е дека по заминувањето на Јасмин Мециновиќ и веројатно на Клисман Цаке, на Струга Трим Лум и се потребни најмалку двајца класични стопери. Едниот од нив е веројатно Илиески.
Инаку досега Илиески беше член на 11 Октомври, Металург, Победа, Ширак (Ерменија), Тиквеш, Борец, Шкупи, Пелистер и Копер.