Димитар Иванов е нов напаѓач на Беса

867

Досегашниот напаѓач на тимот на тимот на Тетекс, Димитар Иванов, е нов играч на екипата на Беса Добри Дол.

Тој се договори со клубот, да го носи неговиот дрес во пролетната полусезона заедно со уште неколку засилувања кои управата на Беса ги доведе во овој зимски преоден рок.

Со Иванов секако дека Беса добива на квалитет, затоа што екс младинецот на Металург и Вардар, и поранешен Македонски младински репрезентативец годинава е во добра форма, и беше еден од најкалитените играчи на Тетекс во есенската полусезона.

ПретходноПочина Вардаровата легенда Ванчо Трпевски
СледноБурсаспор тргнува по Адис Јаховиќ