Кинескиот фудбалски сојуз донесе по малку чудна но во секој случај радикална и револуционерна во негативна конотација одлука.
Им забрани на Кинеските фудбалери, да имаат тетоважи, а особено на оние играчи, кои имаат настапи за репрезентацијата.
Оваа одлука кинеското фудбалски водство ја оправдува со тезата дека фудбалерите треба да бидат пример, и дека тетоважите не се дел од таквиот начин на однесување.
„Нема договор, нема клуб, нема репрезентација доколку имаат тетоважи. Оние кои веќе ги имаат нека сторат се тие да не се гледаат, во спротивно нема да настапат. Фудбалерите мора да се пример на здрав живот, однесување, и со својата појава мора да бидат посебни и пред се позитивни“ – се вели во објаснувањето од Фудбалската федерација на Кина.