Кристијан Ериксен тренира со швајцарски третолигаш (видео)

280

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој во јуни колабрираше на Европското првенство, а во меѓувреме поради провлеми со срцето го напушти и Интер, се врати на тренинзи и тоа во швајцарскиот третолигаш Чијасо.

Ериксен мораше да „раскине“ со Интер затоа што Серија А не дозволува играчи со срцеви проблеми да играат во оваа лига, па е слободен во изборот на нов клуб, а прашање е каде би можел да ја продолжи кариерата поради ограничувањата кога е во прашање здравјето.

Данецот сака да продолжи да игра фудбал со оглед дека има 30 години и е во играчки најзрели години. Данецот тренира со Чијасо на теренот кој е блиску до швајцарско-италијанската граница, само 50 километри од Милано.

Малку е веројатно дека Ериксен ќе заигра за швајцарскиот третолигаш, тука само се обидува да ја врати физичката кондиција. Најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Холандија.

ПретходноНико Ковач доби отказ во Монако!
Следно„Граѓаните“ поставија три премиерлигашки рекорди во 2021 година