Мората оди во Барселона, Кутињо во Фламенго!?

824

Во шпанските медиуми се појави информации дека напаѓачот Алваро Мората да се врати во Ла Лига и тоа во дресот на Барселона. Мората моментално е член на Атлетико но игра како позајмен во Јувентус, а торинскиот клуб има опција да го откупи неговиот договор во 2022 година меѓутоа нема да ја искористи.

Тренерот на Барса Чави сака да го види Мората како нов напаѓач на каталонскиот клуб. Инаку Мората е поранешен фудбалер на Реал Мадрид, Јувентус и Челзи.

Од друга страна каталонскиот клуб сака да се ослободи од Филипе Кутињо. Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Кутињо би можел да го облече дресот на бразилски Фламенго. Бразилскиот клуб прифатил да плаќа 3 милиони евра од неговата плата.

Кутињо сака да биде дел од бразилската репрезентација за СП 2022 но мора да игра стандардно. Но тоа не е можно во Барселона, а во Фламенго би можел да ја крене формата токму пред стартот на Мундијалот.

ПретходноИталија воведе задолжителна вакцинација за сите спортисти
СледноЕлмас пак е позитивен на Ковид-19