Неверојатно: Голем пад на цената на Барди според “Трансфермаркт“!

6633

Ако пред два дена Елиф Елмас стана најскапиот играч во историјата на Македонија со рекордни 24 милиони евра, според “Трансфермаркт“, тогаш цената на Енис Барди, еден од нашите најдобри фудбалери, бележи голем пад.

Имено ако пред една година Барди според специлизираниот сајт вредеше 20 милиони евра, и беше нашиот најскап или највреден фудбалер, тогаш од денеска играчот за врска на Леванте и А- репрезентацијата на Македонија, вреди само 9 милиони евра.

Ова е чудно, но сепак мора да се земе в предвид дека Барди долго време беше надвор од теренот поради повреда, а и неговиот Леванте е во очајна форма.

Сепак не се сомневаме дека одличниот Барди наскоро ќе си ја поврати вредноста, онаа според „Трансфермаркт“, од пред една година кога вредеше 20 милиони евра.

ПретходноХрватска без Игор Карачиќ, но со Анте Гаџа на ЕП 2022
СледноГостивар го претстави и голманот Амир Јашар!