Не можеше полошо: За Рики Рубио заврши сезоната

168

Рики Рубио за жал нема да се врати на терените до крајот на оваа сезона. Кливленд соопшти дека шпанскиот кошаркар си скина предните вкрстени лигаменти на левото колено и ќе мора да ја долго да паузира.

Тој ќе го пропушти Европското првенство во 2022 година.

Пред повредата, Рубио ја имаше една од најдобрите сезони во кариерата. Тој имаше просек од 13,1 поен, со 6,6 асистенции и 4,1 скока во просек.

Работите да бидат уште полоши, Рубио го повреди истото колено на кое мораше да му биде извршена операција во 2012 година како руки на Минесота.

Тој го напушти теренот со помош на соиграчите на натпреварот против Пеликанс.

„Бекот на Кавалирс, Рики Рубио го напушти гостувањето во вторникот вечерта во Њу Орлеанс во четвртата четвртина поради повреда на левото колено и не се врати на терените. Рубио ќе го пропушти остатокот од сезоната 2021/22“, соопшти Кливленд. 

ПретходноХорват по тешкиот пораз од Словенија: Се распаднавме во десет минути!
СледноВРТОГЛАВИ 378.556.748,00 ДЕНАРИ ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА ЗА ИГРАЧИТЕ ВО 2021