Усман Дембеле нема да остане во Барселона. Преговорите меѓу 24 годишниот фудбалер и раководството на каталонскиот гигант пропаднаа, тој нема да го продолжи договорот.
Неофицијално Дембеле барал плата од 40 милиони евра бруто по сезона, но и голем бонус за потпис и тоа од 20 милиони евра.
Состанокот меѓу двете страни предизвика тензии, а според информациите од Шпанија, Дембеле нема да остане.
„Луѓето од Барселона ни рекоа дека немаат пари да ги исполнат нашите барања, о другата страна сакаат да го потпишат Халанд“, вели еден од агентите на Дембеле.
Францускиот фудбалер неофицијално има понуда од Њукасл, ПСЖ, Челзи, Манчестер Јунајтед и Баерн, но тешко е да се каже дека некој ќе му ја даде потребната сума на пари.
Como adelanta @GerardRomero, la negociación del Barça y Dembélé está helada. No han llegado a acuerdo y si las cosas quedan así, el jugador se irá libre en junio. Si el Barça accede a sus pretensiones, mantiene la puerta abierta. El Barça ya le ha dicho que no lo hará #fcblive
— Santi Ovalle (@santiovalle) December 29, 2021