Тимот на Манчестер Сити синоќа против Брендфорд на гостински терен извојува победа од 0:1, и на тој начин уште повеќе се зацврсти на лидерската позиција во Премиер лигата. Имаат осум бода плус од Челзи, односно девет од Ливерпул кој има меч помалку.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвариола смирено и професионално одговори на прашањата дали ова се клучни моменти од сезоната.
„Има уште 54 бода во игра. Во декември никој никогаш не станал шампион. И ние како и другите губиме натпревари. Ги имаме Арсенал, Челзи, Саутемптон пред нас…. Почнуваме со Арсенал во Лондон, а тие се во страшна форма. Ова е веројатно најдобриот Арсенал во последните години. Мора да сме сконцентрирани“ – изјави Пеп по мечот со Брендфорд.