Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Хрвоје Хорват, го објави конечниот список на играчи со кои „коцкестите“ ќе патуваат на Европското првенство во Унгарија и Словачка, кое ќе се игра од 13 до 30 јануари 2022 година.
Од финалниот список отпадна некогашниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, кој е ставен меѓу резервите. На списокот има 18 играчи, тројца голмани, две крила, три кружни напаѓачи, и осум бекови.
Карачиќ е на списокот на пе резерви кои подоцна можат да бидат повикани доколку се појави потреба.
Хрватска на ЕП ќе игра во групата „Ц“ заедно со Франција, Србија и Украина.
СОСТАВ НА ХРВАТСКА:
ИВАН ПЕШИЌ – ТВБ ШТУТГАРТ
МАТЕ ШУНЈИЌ – ИВРИ
МАТЕЈ МАНДИЌ – РК ППД ЗАГРЕБ
ДАВИД МАНДИЌ – РК ППД ЗАГРЕБ
ЛОВРО МИХИЌ – ОРЛЕН ВИСЛА ПЛОК
ИВАН ЧУПИЌ – РК ППД ЗАГРЕБ
ФИЛИП ГЛАВАШ – ХЦ ТРИМО ТРЕБЊЕ
ЛЕОН ШУШЊА – ОРЛЕН ВИСЛА ПЛОК
МАРИН ШИПИЌ – РК ППД ЗАГРЕБ
НИКОЛА ГРАХОВАЦ – РК ППД ЗАГРЕБ
ДОМАГОЈ ДУВЊАК – ТХВ КИЛ
ЛУКА ЦИНДРИЌ – БАРЕЛОНА
ХАЛИЛ ЈАГАЊАЦ – РК НЕКСЕ
ЗВОНИМИР СРНА – РК ППД ЗАГРЕБ
МАРКО МАМИЌ – ЛАЈПЦИГ
АНТЕ ГАЏА – ВАРДАР 1961
ИВАН МАРТИНОВИЌ – ТСВ ХАНОВЕР – БУРГДОРФ
ЛУКА ШЕБЕТИЌ – МОТОР