Хорват по тешкиот пораз од Словенија: Се распаднавме во десет минути!

758

Словенија, првиот противник на македонската ракометна репрезентација на ЕП 2022 тргна со убедлива победа во подготовките. На првата контрола ја совлада Хрватска со 26-33 и најави зошто е еден од фаворитите во групата на Македонија.

„Едвај чекам во составот да ни се приклучат „Германците“. Поразот од Словенија стои, можеби е нералено висок на крајот, попуштивме, им дадовме шанса да сите играчи кои беа на составот, па се распаднавме во последните десет минути“, изјави Хорват.

Македонија пак одигра две пријателски средби, против Кувајт во Маврвото, и на двете без стандардните репрезентативци дојде до победа.

Првиот меч со Словенија го играме на 13. јануари, два дена подоцна е дуелот со Црна Гора, додека пак на 17. јануари играме со Данска. Само првите две селекции од секоја група оди во главната рунда.

ПретходноТухел бесен: Како да останеме во трката за титулата?
СледноНе можеше полошо: За Рики Рубио заврши сезоната