Манчестер Јунајтед со победа над Барнли од 3:1 ја заврши 2021 година и во новата година ќе влезе од шестата позиција на табелата во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ ги решија дилемите во првото полувреме. Уште во осмата минута Мектоминеј постигна гол на асистенција на Роналдо. Потоа Јунајтед зголеми со автогол на Бен Ме во 27. минута, а осум минути подоцна и Роналдо се впиша во листата на стрелци.
Во финишот на првиот дел Ленон ги постави конечните 3:1.
Јунајтед ја впиша деветтата победа, додека Барнли седмиот пораз.