Вечерва се играат натпревари од Евролигата, а во центарот на вниманието беше шпанската пресметка меѓу Басконија и Барселона. Домаќинот Басконија приреди изненадување со тоа што славеше над Барса со високи 19 поени разлика – 94:75. „Каталонците“ водеа по првата четвртина, но Басконија ги сврте работите во своја корист во втората и третата четвртина каде беше доминантна и направи голема разлика. Барса го доживеа третиот пораз во 18 натпревари, а прв по девет едноподруго победи.
Најефикасни кај победничкиот тим беа Гиедраитис со 20 поени, Болдвин даде 16, а Фонтекио 14. Кај Барса најмногу поени постигна Миротиќ и тоа 19.
Уникс славеше над Ефес со 75:67, Зенит ја совлада Црвена Звезда во Белград со 80:76 по продолженијата.