На крајот на календарската 2021-ва ново засилување доби и второлигашот Гостивар. Како што објавија на социјалните мрежи, гостиварчани пролетниот дел од сезоната ќе го дочекаат засилени со Андреј Кудијан.
Кудијан кој досега го носеше дресот на Брегалница, ја заврши соработката со штипјани и реши да продолжи во Гостивар. Тој ќе биде големо засилување во напаѓачкиот ред на гостиварчани.