„Граѓаните“ поставија три премиерлигашки рекорди во 2021 година

138

Манчестер Сити ја заврши 2021 година на чело на табелата во Премиер лигата so 50 бода и осум повеќе од вториот Челзи, а девет повеќе од третопласираниот Ливерпул. Сепак, менаџерот Пеп Гвардиола смирува и вели дека иако во Новата година влегуваат како лидери и имаат добра предност, сепак, титулата не е освоена и дека има уште многу сериозни предизвици.

Сити ја освои титулата минатата сезона, сега повторно се лидери и им се даваат најголеми шанси за триумф. А што направија „Граѓаните“ во оваа 2021 година?

Направија три рекорди.

Четата на Гвардиола е првата која остварила 36 победи во една календарска година. На второто место е Ливерпул со 33 победи во 1980 година.

Второ, дале неверојатни 113 гола, а еден од највлијателните беше Илкај Гундоган со 15 голови.

Со триумфот над Брентфорд пред некој ден, „сините“ од Манчестер поставија нов рекорд во ПЛ, 19 гостински победи во 2021 година. Претходниот рекорд беше на Тотенхем 17 победи во гости во 1960 година.

ПретходноКристијан Ериксен тренира со швајцарски третолигаш (видео)
СледноИталија воведе задолжителна вакцинација за сите спортисти