Дури пет одбојкари на италијанскиот одбојкарски прволигаш Равена се позитивни на Ковид-19. Тоа е клубот во кој оваа година настапува и нашиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов, кој го проби мразот на македонските одбојкари и успеа да запише настапи во најсилното национално одбојкарско натпреварување на Стариот континент.
Италијанската Суперлега денеска потврди дека натпреварот кој Равена требаше да го одигра со Таранто вечерва е одложени.
„Да, мечот е одложен. Патувавме 10 часа до Таранто и сега се враќаме назад. Имаме пет играчи кои се позитивни на коронавирусот, јас не сум меѓу нив. Имам три дози на вакцина и засега е е добро“, вели Љафтов кој се уште со својата екипа ја чека првата победа во најсилната италијанска одбојкарска конкуренција.
Равена во 12 одиграни натпревари досега има исто толку порази.