Нико Ковач доби и тоа каква честитка за Нова година. Честитка која значи воедно и отказ во Монако. Како што известуваат медиумите во Франција, Хрватот веќе е бивш стратег на тимот од малото кнежество.
Како што се напоменува, Ковач наишол на истите проблеми како и во Баерн Минхен. Едноставно не можел да најде некаква со нормална комуникација со своите фудбалери и се поради тоа што вовел строг, па дури и диктаторски режим во екипата. Но и тоа не било доволно да има резултат. Исто така и тактичките замисли му биле повеќе од конфузни, просто се изгубил.