Почина Вардаровата легенда Ванчо Трпевски

739

На 87. годишна возраст почина легендата на ФК Вардар, Ванчо Трпевски. Оваа вест ја објави на социјалните мрежи неговата ќерка пејачката Искра Трпева.

„Каква големина од човек беше ти. Кои зборови да ги кажам да ја опишат твојата добрина, професионализам, а пред се зборот родител. Дел од мојата душа и срце отиде со тебе. Ти благодариме што беше наш татко. Патувај со ангелите, тебе само таму ти е местото. Те сакаме многу. Ти тоа го знаеш. Последното испраќање на нашиот татко и сопруг ќе биде на градските гробишта Бутел на 31.12 во 11 часот. Почивај во мир татичко“, напиша неговата ќерка Искра Трпева.

Трпевски е еден од најголемите играчи и тренери на ФК Вардар, кои остави огромен децениски белег на најраслични позиции како во клубот така и во Мак фудбалот.

 

 

 

ПретходноСтоле голман број четири во Европа
СледноДимитар Иванов е нов напаѓач на Беса